Достапни линкови

Многубројните скандали одраз на губењето на вредностите


Дали во Македонија се создаде менталитет во која од се создава афера или живееме во општествена клима во која има многу скандали. Последен повод што предизвика реакција на скандлизираност во јавноста се случувањата врзани со нашиот настап на песната за евровизија и испраќањето на хуманитарната помош за настраданите од поплавите во Јужна Азија. Неправилностите што отпосле беа регистрирани во нив меѓу луѓето предизвикаа гласни рекции дека во нашата земја им нема крај на личните интреси:

,,Тоа што се случи во еврозивија или Зегин е голем скандал. Луѓето се забораваат, мислат само за себе, за пари”
,,Таква ни е државата.”
,,Таков народ сме.”
,,Таква ни е владата!”


Реакциите на револтираност меѓу луѓето од случувањата во општествениот живот според социолозите се логични. Професорот Јован Корубин оценува дека Македонија веќе подолго време живееме во перод на афери и скандали во политиката и оти аферите почнуваат да се префрлаат и во бизинсот и културата.

,,Премногу почнаа да преовладуваат лични интереси. Странува збор по малку за еден посебен менталитет на овие простори, на овој наш новопечен бизнис и новопечена сфера на бизнис интерес.”

Таквиот начин на функционирање на едно општество во кое во средиштетсто се личните интереси според невропсихијатрот Михалил Левенски создава клима на нездрав општествен живот. Во тој контекст тој вели дека:

,,Најдоследно функционирање на правната држава доаѓа до кинење на општественото ткаење. Доаѓа до нездрава општествена клима.”

Според социлогот Корубин Македонија во споредба со другите земји не е исклучок бидејќи ниту другите држави не се имуни на афери. Но, тој предупредува дека аферите што се случуваат кај нас ги надминуваат границите на нашата земја праќајќи негативни сигнали за земјава надвор

,,Една акција веќе не се прави чесно во смисол на тоа да се прави поширок национален план или национален интерес, секогаш се кријат лични интереси, без да се води сметка дали се прави неопростлива грешка.”
XS
SM
MD
LG