Достапни линкови

Денеска Буш разговараше со Герхард Шредер


Американскиот претседател Џорџ Буш во рамките на европската турнеја, денеска е во Германија разговораше со канцеларот Герхард Шредер. Главни теми беа кризата со иранската нуклеарна програма и активностите на НАТО и на Европската Унија во Ирак и во Авганистан. По Брисел и Мајнц, утре Буш во Братислава на самит со рускиот претседател Владимир Путин

Џорџ Буш и Герхард Шредер, кој беше еден од најострите критичари на воената интервенција во Ирак, на разговорите во Мајнц ќе се обидат да ги усогласат ставовите околу клучните светски проблеми. Во врска со иранската нуклеарна програма, Шредер изјави дека Соединетите Држави и Европската Унија сакаат да ја решат кризата со Иран низ преговори. Една од темите е и планот на Унијата за укинување на ембаргото за оружје за Кина, на што Вашингтон се противи.

Синоќа претседателот Буш ја заокружи посетата на Брисел со разговорите со лидерите на Европската Унија. На претседавачот на Унијата, премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер, претседателот на Европската комисија Баросо и евро-комесарот за надворешна политика Солана, Буш им го кажа она што и очекуваа да го слушнат.

,,Во наш интерес е Европа да биде силна. Во наш интерес е Европската Унија, и покрај разликите, да наш биде постојан силен партнер.”

Баросо оцени дека американско-европските разлики се минато и оти двете страни заедничи ќе работат врз глобалните прашања.

,,Европа и Америка повторно се поврзани. Оваа посета го покажа тоа единство. Верувам дека односите меѓу Соединетите Држави и Европската Унија се најсилното и најважното партнерство.”

Буш се обиде и да ја намали загриженоста во Европа од можноста Соединетите Држави воено да интервенираат во Иран, но повторно не ја отфрли целосно и таквата можност.

,,Таа идеја дека Соединетите Држави се подготвуваат да го нападнат Иран е смешна. Со кажувањето на такво нешто, сите опции се на маса.”

Инаку, Буш пред утрешниот самит во Братислава со рускиот претседател Владимир Путин ја критикуваше Русија во врска со слободата на печатот и односот кон Балтичките земји.

,,Мислам дека е многу важно Путин да слушне, не само од мене, туку и од Унијата, за загриженоста во врска со Балтичките држави, односно оти треба да ги респектира соседните држави.”

Владимир Путин, во интервју за словачките медиуми оцени дека пријателски сугестии однадвор, дури и критики, можат да бидат од помош и оти и Русија, како и сите демократии во развој, има одредени проблеми. За разговорите со Буш, Путин изјави:

,,Соединетите Држави и ние имаме многу заедничка работа на планот на економијата, меѓународната безбедност и борбата против тероризмот. Со Буш ќе разговараме за тие проблеми.”
XS
SM
MD
LG