Достапни линкови

logo-print

Пјонгјанг: Ком Џонг Ил најави можно обновување на шетспартитните разговори


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ил изјави дека шестпартитните разговори за нуклераната програма на неговата земја би можело да бидат обновени доколку бидат исполнети извесни услови. Тој, како што пренесува кинеската агенција Хсинхуа, рекол дека Пјонгјанг во секој момент ќе се врати на разговорите доколку Вашингтон во нив покаже извесна искреност. Ова е прва јавна изјава на Ким Џонг Ил откако во почетокот на месецот Северна Кореа соопшти дека развила нуклеарно оружје и оти на неодредено време се повлекува од разговорите.
XS
SM
MD
LG