Достапни линкови

Техеран: Над 190 загинати во земјотрес


Во силниот земјотрес што изутрината ја погоди југоисточната иранска провинција Керман, според последните информации, загинале над сто и деведесет луѓе, а неколку стотици други биле повредени. Претставник на иранското министерство за внатрешни работи страхува дека бројот на настраданите би можело да биде многу поголем. Епицентарот на земјотресот со сила од шест запирка четири степени според Рихтеровата скала, бил во близина на градот Заранд, седумстотини киломтери југоисточно од Техеран. Во силниот земјотрес што во декември две илјади и третта го уништи иранскиот град Бам недалеку од Заранд загинаа над триесет илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG