Достапни линкови

375 кандидати за 85 градоначалнички места


За време на предизборната кампања граѓаните се злоупотребуваат од политичарите кои не се чесни и не го реализираат ветеното. Граѓаните на денот на гласањето се третираат како гласачка машинерија ова се дел од заклучоците од анкетата на Центарот за меѓуетничка Толеранција и бегалци спроведена во три скопски општини:

,,Во периодот на предизборни и изборни кампањи, без разлика за какви избори се работи, граѓаните се под постојан притисок од партиите и партиските војници, за да бидат употребени како гласачка маќинерија и потоа да станат неинтересни за сите. Тоа го покажува и процентот од 89 насто од граѓаните кои сметаат дека политичарите не се чесни посебно во предизборните кампањи.”

вели Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција, кој потенцира:

,,Голем дел од граѓаните стравуваат од насилството и притисоците на политичките партии. Така што, јас напоменав дека е голема веројатноста да ни се повтори Охрид или Кондово.”

Дека можно е повторување на насилството и на овие локални избори стравуваат и експертите.

,,За жал мислам дека конкуренцијата околу власта покажува агресивна настроеноси и можност од појава на насилство. Зошто е така? Мислам затоа што сеуште во власта се гледаат лични, групни и индивидуални интереси. Сеуште таа има дефиниција како лост за лично збогатување.”

За професорот Ѓорѓи Иванов од политичкати партии ќе зависи дали ќе има насилство или не на овие избори:

,,На Балканот секогаш ништо не е можно да се предвиди однапред. И тоа не може да се преброди, доволно е само еден инцидент, да ви ја наруши целата идила и заложба за некакво смирување. Затоа, се е во рацете на партиите и колку ќе може луѓето да ги убедат во нормалноста на процесот што се нарекува избори.”
XS
SM
MD
LG