Достапни линкови

logo-print

Брисел: Честитки од ЕУ до Шпанија за поддршката на новиот европски устав


Европската Унија и честиташе на Шпанија чии граѓани на вчерашниот референдум го поддржаа новиот европски Устав. Имено, скоро седумдесет и седум насто од оние што гласаа на референдумот, позитивно се изјаснија за Уставот. Одѕивот беше над четириесет и два процента. Резултато од референдумот не е обврзувачки, па финалниот збор го има шпанскиот парламент. Освен Шпанија уште десет други земји најавија дека ќе одржат референдум за новиот европски Устав кој за да стапи во сила треба да биде ратификуна од сите дваесет и пет членки на Унијата.
XS
SM
MD
LG