Достапни линкови

logo-print

Владо Бучковски, премиер и претседател на СДСМ. Најголемата одговорност за фер и демократски избори ја има власта


За претстојните локални избори што ќе се одржат на 13 март ниту опозицијата, ниту СДСМ нема свој кандидат. Како го коментирате тоа? Зошто немате свој кандидат?

Не можам да коментирам зошто се исплаши опозицијата и нема свој кандидат. Ние уште во 2002 година пред парламентарните избори имавме договор дека кандидат за градоначалник за Скопје ќе биде од ЛДП и од коалицијата За Македонија заедно која во изминатите пет години функционира, според мене, многу успешно и веројатно е досега најдолгата соработка на коалициона групација која покрај двата столба СДСМ и ЛДП, имаме уште седум помали коалициони партнери кои исклучително се важни во она што сакаме да го промовираме како мултиетнички карактер на нашата држава. Ќе биде интересна во секој случај трката за градоначлник на Скопје. Од друга страна пак што кандидатот што го поддржа сега опозицијата е кандидат кој беше дел од коалицијата За Македонија заедно што дава дополнителна драматургија на сето она што ќе се случува. Во секој случај јас мислам дека во една фер и демократска атмосфера нашиот кандидат влегува како фаворит.

Опозицијата обвинува дека ништо не е сторено да се надминат насилствата од претходните изборни циклуси. Ќе има ли фер и демократска атмосфера на овие избори или инцидентите и насилството повторно ќе бидат „декор”?

Имајќи во предвид дека сега се наогаме под засилен мониторинг и тоа не само на ОДИХР, туку и на засилен мониторинг на Брисел околу капацитетот што го има Република Македонија да промовира демократски вредности што се подразбираат кај оние држави што претендираат да бидат членки на Унијата, а тоа е во фер и демократска атмосфера да се организираат демократски избори. Најголема одговорност за фер и демократски избори има власта и таа ке направи се тие да поминат во таков амбиент. Како ке се однесуваат опозициските партии не можам да предвидам. Сакам да верувам дека и тие се искрени во нивните заложби овие избори да бидат потврда за европскиот карактер на Република Македонија. Дали ке биде така ке треба да почекаме и да видиме. Гледајки каква е сега атмосферата не очекувам поголеми нарашувања на изборниот процес, затоа што е евидентно дека има поинаква атмосфера.

Каде ке се води главната битка меѓу опозицијата и коалицијата За Македонија заедно?

Најинтересни ке бидат дуелите во Скопје и Тетово, затоа што во Скопје иако опозицијата нема свој кандидат, обидувајки се да застане зад кандидатурата на Трифун Костовски ке се обиде на тој начин да ги затскрие слабостите или да ги санира слабостите кои ги има, комплексот што го има опозицијата дека не може да победи во Скопје веројатно со истакнувањето на еден кандидат како што е Костовски е анулирано и мораме да знаеме дека имаме овде најинтересна битка некои тврдат дека веројатно ке биде многу поинтересно во споредба со другите големи градови во Македонија. Според последните испитуавња на јавното мислење во блага предност се нашите кандидати.

За вториот изборен круг очекувате ли поддршка од некоја од партите од албанскиот блок, конкретно од партијата на Али Ахмети со која сте и коалициони партнери во Владата?

Прво треба да видиме во колку места ке има втор изборен круг . Според математиките што ние ги правиме над 90 проценти од изборите за градоначлник ке завршат во првиот круг. Така што каде што ке има втор круг извесно е дека ке соработуваме. Ние сме дел од владината коалиција и на централно ниво имаме соработка повеке од две години и многу е логично и опортуно да имаме соработка и при евентуален втор круг за избор на грданочалник во некои од локалните самоуправи.

Одговорите на европрашалникот се веќе доставени до Брисел. Вие прогнозиравте почеток на разговорите за членство 2006 година, членство веке во 2010. Колку е ова реално со оглед на она што го говори експертската јавност која што вели - формално сме на половина пат до Унијата, а реално има уште многу да се работи?

Ако ние не веруваме во себе и ако не си задаваме рокови не можеме да очекуваме дека Брисел повеке ке верува во нашите капацитети. Експертската јавност е флоскула која треба да се напушти, затоа што станува извесно дека оние експерти кои работеа сега и на одговорите на прашалниците се свесни колку брзо Република Македонија може да оди напред. Оние кои се исфрустрирани зошто не беа дел од овој процесс сега ке бидат дел од оние скептици кои претходно ако ги слушавме ниту Македонија ке аплицираше пред една година, ниту пак ке дојдевме до овој стадиум што веројатно широко ни ги отвара вратите за членство во Европската унија. Сосема се реални роковите кои ги даваме имајки ја предвид каква е позитивната политичка атмосфера која се создава од Републиак Македонија.

Веќе стигнуваат сигнали од Брисел да се реши спорот со името мегу Македонија и Грција, потоа членство. Ќе се интензивираат ли нешто во насока на решавање на спорот, ќе продолажат ли разговорите во ОН со посредство на Нимиц или пак можеби ќе се прифати она што го споменува Брисел директни разговори меѓу Македонија и Грција?

Мислам дека има лошо интерпретирање на изјави на поединци. Не е официјалниот став на Брисел да се решава проблемот што го имаме со разликите околу уставното име на Република Македонија со Република Грција предуслов за интегрирање на Македонија. Напротив со Времената спогодба што ја имаме со Република Грција исклучена е можноста разликите кои ги имаме да ја попречуваат Македонија во интегративните процеси и зачленувањето во различни мегународни институции. Така што добра волја е на оние кои даваат коментари, нивна опсеравција дека би било добро во моментот кога Македонија кога ке биде членка во ЕУ да не постојат разликите. Дали тоа во мегувреме ке биде стимул поинтензивно да се разговара во ОН ке покаже времето. Но, во секој случај Македонија нема намера билатерално и директно да разговара со Грција затоа што сеуште ја почитуваме Времената спогодба и признаваме дека со посредство (на Советот за безбедност) на ОН ке се обидеме со Метју Нимиц како претставник на ОН да го најдеме она соломонско решение кое ние долго време го нудиме, а тоа е употребата на двојната формула.

Меѓутоа одлуките одлуките во рамки на Европската унија се носат со консензус?

И да се носат со консензус, бидејки Времената спогодба има такво значење не постои можност од било какво попречување од Република Грција да биде попречено интегрирањето на Република Македонија. Така што мислам дека се пласираат дезинформации во јавноста кои создаваат непотребна конфузија. Немаат никава врска разликите што ги имаме околу уставното име со Република Грција со ова што го правиме. Напротив и на сите мултилатерални средби каде што се говори и за европското и евроатлантското интегрирање на Македонија, Грција е еден од поддржувачите на Македонија за напорите што ги прави во тој правец.

Околу дискреционите права на носителите на јавни функции. Формиравте експерски тим дали можеби имате сознанија во кои области треба да се намалат, или допрецизираат надлежностите?

Работите во тој правец одат со посакуваното темпо. Беше создадена можеби лажна претстава во јавноста или беа преголеми очекувањата дека работите можат да се изменат преку нок. Тоа е обемна материја треба да се направи анализа која веке е готова и очекуваме веке во средината на март да бидат понудени и измените на оние законски акти кои даваат такви овластувања. Но, имајки во предвид дека во секој случај носителите на јавни функции и понатаму ке имаат диспозиција во одлучувањата штитејки го јавниот интерес да носат одлуки при што дискреционото овластување кое го имаат може само да биде “дополнително оптоварување” за нив тоа да го прават посовесно, почесно и професионално. Инаку самата помисла дека можат да се укинат сите дискрециони овластувања се покажа дека може да го загрозат функционирањето на системот на државата. Во секој случај направен е сериозен прогрес, онаму каде што беше отворена најголемата можност веднаш е реагирано со пренесување на дел од одговорностите и правата кои ги имаше министерот за транспорт и врски во делот на издавање на дозволи за продажба на неизградено градежно земјиште, сега се дава можност сега да го прави владата со што се обезбедува транспарентноста како најбитниот предуслов за да биде стеснета можноста и овие коруптивни жаришта да бидат санирани.
XS
SM
MD
LG