Достапни линкови

logo-print

Будимпешта: Саудиска Арабија го отповика својот амбасадор од Унгарија


Саудиска Арабија го отповика својот амбасадор од Унгарија, откако унгарскиот премиер Ференц Ѓурскањ го нарече фудбалскиот тим на Саудиска арабија ,,арапски терористи,,. Како што соопшти министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија, амбасадорот ,,е вратен во земјата и е повикан на консултации,,. Во меѓувреме унгарскиот премиер се извини за овој коментар, кој го кажал на една приватна забава.
XS
SM
MD
LG