Достапни линкови

Лисабон: Во Португалија се одржуваат предвремени парламентарни избори


Во Португалија, денеска се одржуваат предвремените парламентарни избори за 230 места во Парламентот. Според анализите се очекува победа на опозиционите социјалисти. Изборите се одржуваат предвреме, откако претседателот Хорге Сампаио ја распушти Владата предводена од десноцентристичката коалиција, на чие чело беше премиерот Педро Сантана Лопес. Очекувањата според последните истражувања се дека социјалдемократската партија на премиерот Лопес, ќе изгуби на изборите.
XS
SM
MD
LG