Достапни линкови

logo-print

Багдад: Најмалку 55 лица загинаа во серијата бомбашки напади во Ирак на празникот Ашура


Најмалку 55 лица меѓу кои и еден американски војник, загинаа во нападите што вчера на прославата на празникот Ашура се случија во Ирак. Како што е соопштено американскиот војник загинал во акција во западната провинција Анбар. Повеќето ирачани пак, загинаа во серијата бомбашки напади што се случија во еден автобус во Багдад, како и пред светилиштата на ирачките шиити кои го прославуваа празникот Ашура. Минатата година на прославата на празникот, во две експлозии во Багдад и Карбали загинаа околу 18 лица.
XS
SM
MD
LG