Достапни линкови

logo-print

Партиите најавуваат фокусирање врз сопствените кандидати и програми


Во периодот што претстои, со оглед на скусениот рок од 20 дена, колку што со новиот закон е предвидено да трае кампањата, во партиите декларативно се изјаснуваат, дека наместо кон вербална дисквалификација на противкандидатите, кампањата ќе биде свртена кон претставување на програмите во чијшто фокус главни ќе бидат локалните проблеми.

„Веќе чувствуваме одредена доза на таков речник во кампањата, ама ние сметаме дека тоа не е добар начин за афирмирање на нашата политичка платформа,“

изјави Ермира Мехмет, портпарол на ДУИ. Борис Кондарко од СДСМ вели:

„Децентрализацијата, новите надлежности, очекувањата на граѓаните во нивните локални средини, тоа е смислата на локалните избори.“

Со сличен став се и во опозициските партии:

„Сеуште непочнатата официјално кампања, воглавно се состои во дискредитиање на политичките конуренти,“

оценува Ѓорѓи Трендафилв, шеф на изборниот штаб на ВМРО-Народна.

Во предизборната трка за освојување гласови на избирачите и на позиции на локалната самоуправа, во програмите што ги најавуваат партиите независно дали станува збор за власта или опозицијата, преовладуваат верувања:

„Здравствената заштита, образование, одржливиот развој, комуналните прашања итн. Воглавно таму ќе ни биде насочено вниманието,“

вели Трендафилов.

„Имаме изготвено програми за секоја една општина со посебен акцент на локален економски развој.“

Во опозициската ДПА, каде што за шеф на изборниот штаб е назначен Ружди Матоши, кој од неодамна се најде на црната листа на ЕУ, велат дека во фокусот на кампањата на оваа партија, ќе биде, пред се развојот на економијата.

„Во прв план ни е економската состојба, и тоа најмногу како можеме да ја зајакнеме економијата на локално ниво,“

изјави Зебри Елези, заменик – шеф на изборниот штаб на ДПА.

Инаку, амбиентот што претходеше на почетокот од кампањата го надополнија и неколку инциденти, односно примери на оштетување на партиски штабови. Опозициската ДПА обвини и за притисоци врз нивните кандидати во неколку општини од страна на ДУИ. Но, сите партии генерално ја декларираат потребата од овозможување фер избори, за што претходно, декларација потпишаа и владеачката ДУИ, со ДПА и ПДП.
XS
SM
MD
LG