Достапни линкови

Односите меѓу САД и ЕУ најбитни за заедничкиот мир и безбедност во светот


Американскиот претседател Џорџ Буш најави дека за време на престојната турнеја во Европа, во наредната недела, Според Буш, негова главна цел е уште еднаш да биде потврдено дека односите меѓу Соединетите Држави и Европската Унија се најбитни за заедничкиот мир и безбедност во светот.

Претседателските посети се секогаш полни со раскош и симболизам. Посетата на Џорџ Буш на Европа нема да биде поразлична. Тој ќе мине три вечери во Брисел, седиштето на НАТО и на Европската Унија, ќе руча со францускиот претседател Жак Ширак, во Берлин одвоено ќе разговара со германскиот канцелар Герхард Шредер и конечно во Братислава ќе се види со рускиот претседател Владимир Путин. Просто кажано со ваквата долга посета на Европа и тоа во почетокот на вториот негов мандат, Буш испраќа порака дека сака да ги обнови пријателските односи со европските сојузници. Претседателот кој во Европа е портретиран како арогантен унилатералист сега сака да ја покаже својата помека страна. Или како што претседателот на Европската Комисија Жозе Барозо вели: Понекогаш во надворешната политика, стилот е содржина. Но, како што пишува весникот Економист, иако посетата на Џорџ Буш на Европа е импресивен гест, тешко дека ќе придонесе за одврзување на сите трансатлантски јазли. Притоа овој весник ги посочува: Ирак, Блискиот Исток, Иран, Протоколот од Кјото, Балканот, Меѓународниот кривичен суд, Обединетите Нации, Европската интеграција. Претседателот Џорџ Буш деновиве изјави дека односите меѓу американците и европејците се битни за нивната заедничка безбедност. Притоа, тој најави дека од европските лидери ќе ја побара нивната поддршка за поголем меѓународен притисок врз Сирија, која, како што оцени, претставува опасност за мирот на Блискиот Исток.

„Го отповикавме нашиот амбасадор што покажува дека односите не напредуваат и оти Сирија е надвор од прогресот постигнат во поширокиот Блиски Исток.“

Што се однесува до Иран, Буш вели дека се уште има време да се најде дипломатско решение за несогласувањата со Техеран околу иранската нуклеарна програма. Сепак, Вашингтон е на мислење дека европските дипломатски напори се бескорисни што пак кај Европејците го зголемува уверувањето дека американците ја користат нуклераната програма за уривање на иранскиот режим. Нешто слично како и во претходниот случај со Ирак кој пак доведе до влошување на односите на Вашингтон со Берлин и со Париз. Во врска со Балканот, според Економист, овој пат Европската Унија и Америка се согласуваат дека Косово се движи кон нешто што наликува на државност. Но, на ова може да забележат Москва и Белград, пишува овој весник. Како и да е, Буш доаѓа во Европа со топли зборови за соработка. Тоа веќе го стори претседателот на Европската Комисија Жозе Барозо кој во интервјуто за агенцијата Асошиетед прес изјави: глобалните предизвици се толку големи што не можеме да ги решаваме сами.
XS
SM
MD
LG