Достапни линкови

Како до независно судство?


Годинава е клучна за реформата на третата власт. Уставните измени во делот на независноста на судството, веќе ја отворија дебатата за начинот на избор и разрешување на обвинителите и судиите. Дел од експертите ја заговараат идејата за формирање на независно судско тело кое ќе се оттргне од влијанието на законодавната власт. Владеачките либерал – демократи, вели Андреј Жерновски, ја поддржуваат реформата:

,,Контрола повторно може да има законодавнаат власт или во некои држави претседатлот, но битно е дека идеите, кандидатите и начинот на работа, доаѓа од самата фела, бидејќи тие најдобро ја познаваат проблематиката и мислам дека тоа ќе биде вистинско решение.”

И опозицијата е за оттргнување на изборот на судиите од Собранието.

,,Судксиот совет да биде независен од партијата на власт. Во него може да учествуваат и политички партии, позиција и опозиција подеднакво да бидат застапени, за да нема доминација ниту една политичка партија во изборот и отповкувањето на судиите,”

е ставот на кој пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Ефтим Манев. Либералот Слободан Даневски додава:

,,Ние како пратеници не може да го правиме тој избор, ние му веруваме и треба да му веруваме на тоа што ни доаѓа како предлог од РСС.”

Пратеникот на ДУИ пак, Ејуп Рустеми вели:

,,Треба да ги усвоиме уставните промени за избор на судиите. Тоа е и препораката од ЕУ и тоа ние треба да го поддржиме,”

Според доцент Тања Каракамишева светските искуства главно говорат дека и македонскиот модел на избор на судиите е главно компатибилен со нив, но вели Каракамиќева, кај нас проблемот е што треба да се менува и климата за улогата на политичките партии во системот:

,,Секоја идна реформа на нашиот судски систем треба да оди во прилог на она што е светско искуство, но и во прилот на негативните состојби коишто постојат во системот, а коишто се продуцирани од политичките партии. Значи, трба да се менува климата на создавање на уставните решенија од политичките партии, а тоа е да се исклучат сите форми на инструментализација на политиката.”

Министерството за правда најави експертска група која ќе работи на уставните измени, чија прва фаза се очекува да финишира кон крајот на март.
XS
SM
MD
LG