Достапни линкови

Треба да се работи на јакнењето на меѓусебната доверба


Земјиве од регионов не се единсвени што меѓусебе сеуште имаат отворени прашања иако, единствена цел им е интеграцијата во евроатланстките структури, велат експерите во земјава.

Според Ѓунер Исмаил, земјите од регионов пред се мораат да работат на нивната внатрешна кохезија како и јакнењето на меѓусебната доверба:

,,Тие земји мораат да работат на јакнење на меѓусебната доверба, што ќе доведе до порелаксирана атмосфера при разрешувањето на вистинските и лажни проблеми. И трето, во таа смисла, е третит начин и следи на ЕУ, да ги охрабрува, помага и поттикнува сите овие патишта, за да се заокружи процесот на стабилизација на регионов.”

Отворените прашања во регионов се пренагласени е ставот на аналитичарот Мерсел Биљали кој вели:

,,Отворени прашања постојат и меѓу самите земји членки на ЕУ. Така што на Балканот се изразуваат повеќе и добиваат поголема политичка димензија. Факт е дека економскиот и културниот развој ќе го прави своето. Така што, чувствителните прашања ќе се маргинализираат и ќе стануваат беспредметни.”

Интеграциите во евроатлантските структури се многу добра работа, но вели Ѓунер Исмаил се плашам дека зад нив се крие и замка за изговор за несбособните кои сакаат сеуште да тактизираат:

,,Се плашам дека во интеграциите се крие замка за изговор на неспособните и оние кои сакаат да тактизираат сеуште. И велат, видете, ние имаме многу добра волја, не можеме да го разрешиме овој проблем, а ќе се разреши кога ќе станеме членка на ЕУ, НАТО итн. Тоа е еден проблем којшто не треба да се губи предвид.”
XS
SM
MD
LG