Достапни линкови

logo-print

Интеграцијата во ЕУ најмногу зависи од брзината на реформите


Има повеќе фактори што ја прават Европската Комисија да биде внимателна и да не се истрчува со датуми и крајни рокови кога е во прашање интеграцијата со нови земји членки. Во случајот на Македонија, мислењето што Комисијата треба да го даде за добивање на статус на земја кандидат, како што ни изјави портпаролката на Евро Комесарот за проширување Оли Рен Кристина Наќ, причините се и во процедурата, но и во процесот на следењето на реформите.

На церемонијата на предавањето на одговорите на прашалникот на Европската Унија во Брисел, премиерот Владо Бучковски изјави дека се надева дека оваа година Македонија ке го добие статусот на земја кандидат, дека преговорите ке почнат идната година и оти полноправното членство може да го очекуваме во 2010 година. Оваа негова изјава не сакаа да ја потврдат официјалните личности на Европската Комисија во Брисел, посебно евро комесарот за проширување на Унијата Оли Рен. Тој рече дека треба повеќе да се гледа на суштината а помалку на формата. Еве, како тоа за Радио Слободна Европа ја објаснува Кристина Наќ портпаролка на Оли Рен

,,Па процедурата е дека земјите членки на ЕУ носат одлука дали и кога земјите добиваат статус на земја кандидат и нивната одлука се носи врз мислењето на Европската Комисија. Прашањата и одговорите што се подготвија се дел од оваа процедура. Така тоа ке биде важана алатка за ЕК во рамките на работата за извештајот за еваулација на кој ке се работи. Тешко е за нас во моментов да го фиксираме крајниот рок кога ке биде готови со мислењето затоа што тоа зависи од квалитетот на иницјалниот одговор и консекветно е потребно кларификација на одговорите. Така ке треба да научиме пове ке за тоа што има во хартите пред да утврдуваме крајни рокови за давањето на мислење. Дозволете ми да споменам уште еден фактор кој е важен за детерминирање на брзината за подготовката на мислењето на Комисијата . А тоа е брзината на реформите во земјата. Ние мора да се увериме дека реформите продолжуваат и ние секако ке го набљудуваме тој прогрес. А тоа фактор кој игра улога односно влијае врз тајмингот.”

Портпаролката на Оли Рен Кристина Наќ смета дека чекорот што го направи Македонија сепак е важен и за земјата и за Западен Балкан во целина.

,,Ние можеме да видиме дека ФИРОМ направи важен чекор кон ЕУ интеграција. Ние исто така се надеваме дека прогресот што е направен е охрабрувачки и за земјата и за другите држави на Западниот Балкан за да се придвижат кон ЕУ.”
XS
SM
MD
LG