Достапни линкови

Сите предупредуваат, а декларативно го отфрлаат насилството


Ниту една политичка партија во земјава не ја исклучува можноста од насилство на претстојните локални избори. За опозициските партии власта е таа што ги има во раце механизмите со кои може да предизвика инциденти и нерегуларности за време на изборите. Албанските опозициски партии ДПА и ПДП обвинија дека ДУИ веќе почна со притисоци врз нивните кандидати:

,,Ниски удари се случуваат врз нашите кандидати се случуваат врз нашите кандидати во подрачјето на Зајас и Осломеј, но се надеваме дека и таму ќе владее демократијата и тоталитаризмот и диктатурата во класична смисла ќе се отрсрани од таму,”

вели портпаролот на ПДП Кенан Алиу. Во владеачката ДУИ ги отфрлаат како неосновани ваквите обвинувања. Однапред ДПА и ПДП бараат алиби за поразот на претстојните избори вели Рафиз Алити од ДУИ:

,,Коалицијата ДПА и ПДП според мое мислење со ова сака да најде алиби за тоа дека ќе ги изгубат локалните избори. Ние сме заинтересирани како политичка партија изборите да бидат фер и коректни, и нашите активисти така се однесуваат.”

Дека на овие избори ќе владее насилството, посочи И лидерот на опозициксата ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски во интревјуто за Слободна Европа

,, Ако ме прашувате мене, мислам дека на некој начин пак ќе имаме избори кои ќе бидат полни со насилство. Тоа се моите очекувања. Меѓутоа, овој пат ние ќе направиме се што е во наша моќ да го спречиме тоа.”

Насилството не е во ничиј интерес е одговорот од владеачката коалиција За Македонија заедно. Опозицијата веке почна со насилно однесување вели Андреј Жерновски алудирајки на двата напада врз штабовите на СДСМ во Македонска Каменица и Бутел.

,,Тоа треба да се поткрепи со аргументи, од каде се податоците дека такво нешто се спрема. Ние имаме многу јасен сигнал од Брисел, дела влезот и во ЕУ и во НАТО во многу ќе зависат од тоа какви избори ќе припремиме. Не само што не гледам основа за критика од страна на опозицијата, туку напротив до сега според она што го гледаме мислам дека насилството ќе дојде од нивните редови.”

Ако ништо друго, барем декларативнио сите партии го отфрлаат насилство.
XS
SM
MD
LG