Достапни линкови

logo-print

Презентиран обединет фронт на Иран и Сирија против заканата од САД


Иран и Сирија презентираа обединет фронт против ,како што велат, заканата од Соединетите Држави. Истовремено, американските официјални преставнци и натаму засилено ја коменираат заканата од Сирија и Иран. Вашинготн уште еднаш изрази загриженост за иранската нуклеарна програма и ја критикуваше Сирија поради тоа што не ги повлекува нејзините трупи од Либан.

Иран е подготвен да и помогне на Сирија во случај на воен напад од страна на Соединетите Држави, изјави потпретседателот на Иран Мухамед Реза Ареф на заедничката прес конференција со сирискиот премиер Наџи ал Отари во Техеран. Иран и Сирија се блиски соработници многу години наназад и ние ке помогнеме, изјави Ареф, не објаснувајки на кој начин. Шефот на иранската дипломатија Камал Шарази пак во Берлин изјави.

„Иран и Сирија имаат заеднички интерес. Но тоа не значи обединет фронт против Соединетите Држави. Ние сите мора да соработуваме со европската страна, со земјите од Блискиот Исток за да го решиме проблемот и кризата со која се соочува целиот регион.“

Сириските официјални личности во своите коментари потоа рекоа дека поради тензиите во регионот и американската закана, двете држави треба да формираат фронт против Вашингтон. Тое е фунадаментално неразбирање, изјави портпаролот на Белата Куќа Скот Мек Лилан. Тие немаат проблем со Соединетите Држави туку со меѓународната заедница. Еве што пак во Сенатот изјави американскиопт секретар за одбрана Доналд Рамсфелд.

„Сирија. Тие штетат на она што се обидуваме да го направиме. Тие го држат ирачкиот имот, ги штитат припадниците на Баас партијата на бившиот ирачки режим. Го оукпираа Либан. Го помагаат Хезболах во Либан и Израел, како и џихадистите кои влегуваат воп Ирак за да ги напаѓаат американските сили.“

Иран од друга страна ги обвини Соединетите Држави дека ги шпионирале иранските воени и нуклеарни капацитети. Ова соопштение дојде по извештајот во Вашингтон Пост дека американски шпионски авиони го надлетувале Иран, што според експертите е кршење на меѓународното право.
XS
SM
MD
LG