Достапни линкови

Њујорк: Анан бара итна акција за запирање на злосторствата во Дарфур


Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан на синоќешната седница на Советот за безбедност побара итна акција за запирање на масовните убиства и воените злосторства во суданскиот регион Дарфур. Анан предложи серија мерки, меѓу кои, санкции против одговорните, поголемо меѓународно присуство и заштита на цивилите. Се проценува дека најмалку 70 илјади луѓе настрадале, а 2 милиона се раселени поради конфликтот во Дарфур меѓу владините сили и бунтовниците.
XS
SM
MD
LG