Достапни линкови

logo-print

Њујорк: Србите на Косово живеат во страв, оценува Кофи Анан


Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан во својот најнов извештај до Советот за безбедност оценува дека Србите на Косово живеат во страв што ги продлабочува и онака длабоките етнички поделби во покраината. Иако сериозните злосторства врз србите се во опаѓање по минатогодишните мартовски насилства сепак, изолираните инциденти и натаму го зголемуваат стравот кај косовските срби, наведува Анан, додавајќи дека косовските власти не направила доволно за да ги казни етнички мотивираните злосторства.
XS
SM
MD
LG