Достапни линкови

Убедување дека обврските од договорот ќе бидат исполнети


Меѓународниот протокол за намалување на емитувањето штетни гасови во атмосферата има за цел да го намали загревањето на Планетата и да го спречи ефектот на таканаречената стаклена градина. Протоколот беше договорен во илјада деветстотини деведесет и седмата година во Кјото. На денешната централна прослава во Јапонија беше изразено убедување дека обврските од овој договор ќе бидат исполнети.

,,Денеска стапи во сила Кјото протоколот. Тој ги обврзува водечките индустриски земји, од две илјади и осмата до две илјади и дванаесетата, да ги намалат штетните гасови за шест насто во однос на нивото во илјада деветстотини и деведесетата година што е земено како граница за штетноста на овие гасови.”

соопшти на денешната прес конференција во Токио секретарот на јапонската влада Хиројуки Хосода. Станува збор пред се за јаглерод диоксид кој произлегува од согорувањето на нафтените деривати и на јагленот. Повеќето научници во светот сметаат дека ваквата емисија предизвикува загревање на атмосферата што пак доведува до топење на глечерите и пораст на нивото на морињата. Тоа пак, како што се наведува, ќе предизвика катастрофални поплави и исчезнување на голем број растителни и животински видови. И покрај ваквите експертски предвидувања, Протоколот од Кјото не го имаат ратификувано двете големи индустриски сили: Соединетите Држави и Австралија, кои впрочем се и најголемите загадувачи на земјината атмосфера со штетни гасови.

,,Постојано ги повикувавме Соединетите Држави да учествуваат, но тие се уште не се дел од договорот. За жал, бидејќи станува збор за најголемиот емитувач на вакви гасови. “

Изјави Хиројуки Хосода. Според официјален Вашингтон, почитувањето на препораките од Кјото ќе предизвикаат економски штети, меѓу другото и голема невработеност во Соединетите Држави. Од друга страна, американците велат дека имаат сопствени програми за намалување на емитувањето на штетните гасови.

,,Соединетите Држави беа лидер во научните истражувања во врска со климатските промени. Оваа админситрација презеде непронцеливи заложби за намалување на порастот на штетните гасови на начин со кој продолжува и растот на нашата економија.”

Изјави портпаролот на Белата Куќа Скот Меклилан, додавајќи дека Вашингтон во врска со оваа сериозно прашање ќе продолжи тесно да соработува со меѓународната заедница. Земјите во развој како Кина, Индија и Бразил, според Протоколот од Кјото, немаат обврска да ја редуцираат емисијата на ваквите гасови.
XS
SM
MD
LG