Достапни линкови

Бројот на малигните заболувања во Македонија во пораст


Во Македонија, бројот на малигни заболувања е во пораст.
Најчести се малигните неоплазми на белите дробови и дојката, а не ретко канцерот се појавува на кожата и на желудникот.
Зорица Цветковска е една од многуте пациенти кои заболеле од рак.

,,Без манифестација на болки ми направија испитување дека боледувам од малигно заболување и веднаш ми закажаа операција. Прво тоа беќе ќок за мене, потоа предизвик да се соочам со болеста.”

раскажува Цветковска.

По извршениот оперативен зафат во Македонија, таа го продолжила своето лекување надвор од нашата земја.

,,Зрачењето многу се разликува од Македонија до Бугарија, со тоа што не се зрачи само оперираното место, туку и сите критични делови каде што може да дојде до натамошно ширење на кациномот.”

Во периодот од 1999 година до денес бројот на нови малигни заболувања се зголемил за над 6000 случаи, информираат од Републичкиот Завод за здравствена заштита.

Според др Нада Николовска постојат многу причини за појавата на канцерот, но и методите за негово лечење се во напредна фаза.

,,Покрај другите, најчести се употреба на адитиви, употреба на хемиски супстанци во преработка на храната, канцерогени супстанци во вид на пластика,”

Таа потенцира дека методите на лечење на карциномот се во напредна фаза и бројот на преживеани пациенти е многу поголем во споредба со претходните години.

,,Има голем напредок во третманот. Порано поголем број се лекуваа оперативно. Сега се настојува што почесто да се фати во поран период и да се избегне оперативниот третман,”

објаснува др Николовска

Од заводот за здравствена заштита потенцираат дека во региони каде што има поголем наталитет, процентот на малигни заболувања е помал, а повозрасната група е поподложна на ова заболување.
XS
SM
MD
LG