Достапни линкови

На Македонија и треба структурен, а не стенд бај аранжман


На Македонија во моментов и е потребен исклучиво структурен аранжман што ќе биде насочен кон спроведување на реформите во најболните сектори во општеството, е ставот на професорот од економскиот факултет Михаил Петковски на еден ден по започнувањето на преговорите меѓу македонската влада и претставниците на меѓународниот монетарен фонд.

,,Попотребен би бил структурниот, бидејќи општа е констатацијата дека Македонија има макроекономска стабилност, но нема структурни реформи и растеж,”

вели Петковски.

Македонија мора да инсистира на структурен аранжман или така наречениот ЕФФ аранжман, од едноставна причина што само со негово добивање Макеоднија може да очекува подобрување на лошата економска состојба во која во моментов се наоѓа:

,,ЕФФ е прво подолгорочен, се протега во временски хоризонт од три години и содржи структурни елементи.”

Евентуалната опција која се најавува, дека Макеоднија може да го добие станд-бај аранжман според Петковски ќе биде изнуден потег и нема да ги задоволи потребите на државата, затоа што овој аранжман не нуди лек за проблемите со кој се соочува државата:

,,Стенд бај аранжман е покусорочен по својот карактер и трае од 12 до 18 месеци. Втора карактеристика е што тој е насочен кон макроекономската стабилност.”

Во моментов одобрувањето на подолгорочниот ЕФФ аранжман се доведува во прашање единствено поради двата изборни циклуса во кој во наредните две години ќе се најде Македонија, локалните и парламентарните избори.

,,Прашање е бидејќи овој аранжман се протега надвор од мандатор на оваа влада и трае три години, дали ММФ ќе биде склон кон него и дали ќе има политичка волја да се направат структурните реформи.”

За министерот за финансии во моментов воопшто не е важно кој аранжман ќе го добие Македонија од Меѓународниот монетарен фонд, битно е тој да се склучи, додека директорот на ММФ за Макеоднија Франек Розвадовски кој тврди дека на макеоднија и се потребни структурни реформи на почетокот од преговорите претпазлив во ветувањата.
XS
SM
MD
LG