Достапни линкови

logo-print

Кампањата официјално не е почната, но регистрирани првите инциденти


Со приближување на денот за почеток на изборната кампања за локалните избори се интензивираат подготовките на партиите за претставување на нивните кандидати, а во земјава се случија и неколку инциденти. Викендов беа оштетени неколку изборни штабови на политичките партии. Од невладината организација МОСТ која што има најголем број и го набљудува целиот изборен процес апелираат до политичките партии да се придржуваат до кодексот за одржување на фер и демократски избори.

,,Она што можеме да го кажеме е дека ние најискрено се надеваме дека ќе покажеме дека сме спремни да ги оставиме зад нас сите инциденти и дека ќе имаме фер и демократски избори. Но, сега останува на партиите. Тие потпишаа кодекс, но треба да влијаат на членството,”

изјави Славица Билјарска од МОСТ. Претставниците на меѓународната заедница во земјава пак велат дека очекуваат генерално изборите да минат во фер и демократска атмосфера:

,,Ситуацијата е главно под контрола и ние сите очекуваме дека целиот изборен процес да помине добро."

изјави Андреа Анџели портпарол на Европската Унија во земјава.

Според МОСТ во случај на инциденти надлежните институции треба веднаш да реагираат, бидејќи како што велат тие немаат механизми да ги спречат инцидентите

,,Ние посебни механизми немаме, освен постојаното потсетување до политичките партии дека треба да се придржуваат до она што го потпишаа и да ја известуваме јавноста за тоа што се случува на теренот. Останатото е на институциите на системот и тие треба да ги решат изолираните инциденти.”

вели Билјарска
XS
SM
MD
LG