Достапни линкови

Церемониите во Брисел имаат практично и психолошко значење за Македонија


Предавањето на пополнетиот прашалник во Брисел според експертитите повеќе има практично значење, отколку церемонијално, иако и двете се својствени за овој ден.
Професорот Билјана Ванковска вели дека секоја земја на свој начин го одбележува церемонијалниот дел од овој чин:

,,Церемонијата може да значи поттик за афирмација, иако кај нас за жал, непотребно се крена прашина околу трошоците, околу бројот на лицата што присуствуваат итн. Практичното значење има многу поголема тежина. Затоа што ова е почеток на еден процес во којшто ќе видиме со предавањето на преговорите до каде сме стасале”

Дека денешното предавање на прашалникот има и практично и церемонијално значење се согласува и аналитичарот Мерсел Биљали:

,,И едното и другото, од причина што е завршена една важна работа во однос на прашалникот. Мислам дека тоа е важен датум од политички и психолошки аспект. Тоа е порака до сите граѓани во државата, дека мора многу да смениме од свеста, до однесувањето итн.”

Професорот Ванковска смета дека не треба да чекаме на одговорите на Брисел за Прашалникот туку Македонија треба веднаш да продолжи со работа

,,Ми се чини дека не треба да се губи време и да се чека што ќе речат експертите од ЕУ за прашалникот, туку да не губиме време и да работиме на отстранување на слабостите кои ги знаеме. Така што, да не се купува време чекајќи на нивната реакција, туку веќе од утрешниот ден да се почне да се работи на местата кадешто се утврдени слабости.”
XS
SM
MD
LG