Достапни линкови

Договарање на начинот и динамиката на реформите


На петнаесет дневната рунда на преговори со Меѓународниот монетарен фонд, што започна денеска, двете преговарачки страни ќе го договараат начинот и динамиката на реформите што мора да се спроведат во јавната администрација, судството, фондот за здравство, управувањето со државните средства.

,,Клучното прашање е дека треба да биде аранжман со политики кој ќе ги решат главните проблеми. Прашањето дали треба да биде ЕФФ или Стенд Бај аранжман ќе зависи од работите, како на пример, колку пари и требаат на Македонија за платниот биланс,"

вели директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Македонија Франек Розвадовски. Од крајниот исход на преговорите каде едно од клучните прашања ќе биде и регулирањето на законот за работни односи ќе зависи и кој вид на аранжман Макеоднија ќе го добие од оваа меѓународна финансиска институција.

,,Очекувам идните 15 дена да расветлат голем дел од дилемите. Иако, за мене, од помало значење е како ќе се вика аранжманот. Тоа што го бравме, го добивме, односно ќе биде структурен аранжман.”

е ставот на министерот за финансии Никола Поповски. Тоа што во овој момент е сигурно е дека аранжманот кој ќе се одобри нема да биде пократок од една година. Останува дилемата дали времетраењето на аранжманот да биде две или три години.


,,Ние би сакале три годишен затоа што сметаме дека реформите ќе се спроведуваат три години. Тие може да бараат две години, затоа што владата има две годишен мандат.”

Според Розвадовски, парламентарните избори догодина нема да се земат во предвид при одредувањето на должината на аранжманот кој ќе се склучи

,,Генерално, аранжманот со ММФ е аранжман склучен со власите на една земја што значи ние очекуваме една влада да ги почитува обврските превземени од другата влада,"

вели Розвадовски. Многу е веројатно дека за одобрување на аранжманот ќе биде потребна уште една рунда на преговори, пред се поради намерата на ММФ да го почека и исходот од преговорите на македонската влада и Светска банка.

,,Со оглед дека аранжманот прв пат ќе биде поопширен, структурен. Па можно е да има и трета рунда преговори.”

Според Розвадовски аранжманот со Меѓународниот монетарен фонд Макеоднија ќе го добие најдоцна кон крајот на летото оваа година.
XS
SM
MD
LG