Достапни линкови

Бејрут: Екс либанскиот премиер Рафик Халили загина во експлозија на автомобил бомба


Во денешната експлозија на автомобил бомба што се случи во Бејрут, загина поранешниот либански премиер Рафик Халили, јавија либанските новински агенции. Либанската агенција АНИ, јави дека тој починал во американската болница во Бејрут, каде бил префрлен веднаш по инцидентот. Експлозијата се случи во центарот на Бејрут, во моментот кога поминувала колоната возила на поранешниот либански премиер. Во денешната силна експолозија загинаа најмалку девет лица, меѓу кои и телохранителите на Харири, а околу стотина се повредени. Сеуште нема официјална реакција од либанската влада.
XS
SM
MD
LG