Достапни линкови

logo-print

Гнилање: Тадиќ во посета на српските делови на Косово


Српскиот претседател Борис Тадиќ денеска пристигна во посета на српските делови на Косово. Селото Силово што се наоѓа во близина на градо Гнилање е прва станица на Тадиќ во рамки на неговата дводневна турнеја на Косово. Како што пренесува агенцијата Бета, тој на жителите на Силово им порачал дека ,,дошол во Покраината за да и го сврти вниманието на светската јавност, на условите во кои живеат Србите на Косово“. Во рамки на посетата, Тадиќ ќе се сретне со шефот на УНМИК на Косово Сорен Јесен Петерсен. Ова е прва посета на српски претседател на Покраината откако управувањето со неа во 1999-тата го преземаа Обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG