Достапни линкови

Газа: Хамас и Исламски Џихад ќе поддржат привремено примирје со Израел


Милитантните групи Хамас и Исламски Џихад, по средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас, соопштија дека ќе го поддржат привременото примирје со Израел. Претставниците на двете групи изјавија дека ќе го разгледаат и прашањето за траен прекин на огнот меѓу изралеците и палестинците, што беше договорен на почетокот од неделава и оти ќе ја соопштат својата конечна одлука во ,,блиска иднина,,. Денеска, како што е јавено, израелскиот кабинет на редовната недела седница, одобрил список со имиња од 500-те палестински затвореници кои ќе бидат ослободени во следните денови.
XS
SM
MD
LG