Достапни линкови

Дали Северна Кореа навистина има нуклеарно оружје?


Има ли Северна Кореа навистина нуклеарно оружје? Прашање, на кое никој, надвор од оваа земја, на далечниот исток не го знае одговорот.

„Знам дека има земји чии разузнавачки служби, како Северна Кореа, велат дека поседуваат нуклеарно оружје. Може и да имаат, но не можам тоа да го потврдам,“

изјави американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд.

Истовремено, како што е познато, Пјонгјанг соопшти дека се повлекува и од шестпартитните преговори за нуклеарната програма. Од меѓународната агенција за атомска енергија, портпаролот Марк Гозетски, изјави дека агентите се веќе две години неактивни во Северна Кореа, поради што и тие не можат да ја потврдат веродостојноста на соопштението на Пјонгјанг. Според некои аналитичари, станува збор за блефирање, за зајакнување на позицијата во преговорите. За Гари Милхолин, директор на програмата за контрола на нуклеарното оружје, од Висконсин САД, соопштението е можеби само начин со кој Пјонгјанг сака да привлече внимание:

„Соопштението во кое се вели дека тие веќе имаат нуклеарно оружје и не сакаат да разговараат со нас е обид да привлечат внимание. Тие би сакале да добијат пари од нас, и ако не добијат, тогаш би требало да се загрижиме оти би можеле да им го продадат нуклеарното оружје на терористите.“

Аналитичарите сметаат дека Северна Кореа би требало да го тестира оружјето, а бидејќи тоа не е тестирано, за нив, претставува дека е јасна индикација дека Пјонгјанг не го поседува. Како и да е, соопштението предизвика силна меѓународна реакција и речиси универзален повик до Пјонгјанг да им се врати на преговорите.
XS
SM
MD
LG