Достапни линкови

logo-print

Македонската влада в понеделник ќе го предаде прашалникот за членство во ЕУ


Македонската делегација, предводена од премиерот Владо Бучковски ќе ги предаде одговорите на европскиот прашалник, на претседателот на европската комисија, Хозе Мануел Баросо. За тоа, на колку прашања одговорија надлежните институции во земјава, информира Валентин Нешовски од владиниот сектор за евро интеграции:

„Од европската комисија добивме 1921 прашање, со речиси уште толку потпрашања. По долга, четири месечна интензивна работа и посветеност на тимовите во сите министерства како и во секторот за евроинтеграција се продуцирани одговори кои ќе бидат ставени на околу 14,000 страници. Во Брисел, како што е договорено ќе биде предаден овој материјал и две ЦД-а.“

По завршуавњето на одговарањето на прашалникот на 31 јануари, премиерот Владо Бучковски, на Брисел му порача дека Македонија ја заврши својата работа и оти од Европа очекува фер приод и шанса за статусот кандидат за членство. Во таа прилика тој истакна дека Македонија е пример за останатите балкански земји:

„Свесни сме дека Балканот минува низ турбулентен период и дека има многу проблеми. Но, на балканските земји им треба и добар пример, дека со толеранцијата, меѓуетничките заедници, комбинирано со многу труд членството во ЕУ е извесно. Таков пример е Република Македонија. Македонија може, и ќе биде државата, преку која земјите од Западниот Балкан, ќе погледнат низ отворената врата на ЕУ. Оваа влада ќе го докаже тоа. Не само заради граѓаните на Република Македонија, туку и заради регионот, регионалната стабилност и прогрес.“

Освен премиерот, двајцата вице премиери Радмила Шеќеринска и Муса Џафери, шефот на дипломатијата Илинка Митрева, македонската делегација ја сочинуваат и други претставници на повеќе институции во Македонија, како и претставникот на опозицијата Стојан Андов кој вели:

„Јас сум поставен како член на делегацијата, меѓутоа, мојата одговорност е спрема парламентарците, сите парламентарци морам да ги запознаам со тоа.“
XS
SM
MD
LG