Достапни линкови

logo-print

Луксембург: Разговорите со Хрватска за членство во ЕУ нема да почнат на 17 март?


Премиерот на Луксмбург, земја претседавач на Европската Унија изјави дека е тешко разговорите за зачленување на Хрватска во Унијата да започнат, според планираното, на седумнаесетти идниот месец ако дотогаш генералот Анте Готовина не се најде пред Хашкиот Трибунал. Премиерот Џан Клод Јункер ова го рече по вчерашната средба со главниот обвинител на трибуналот Карла дел Понте. Според Јункер, дел Понте треба да и препорача на Европската Унија дали да ги почне преговорите со Хрватска. Нејзиниот извештај ќе се разгледува на средбата на министрите за надворешни работи на дваесет и први овој месец.
XS
SM
MD
LG