Достапни линкови

logo-print

Минхен: Годишна конференција за меѓународната безбедност


Денеска во Минхен, со засилени мерки на безбедност, и официјално започна годишната конференција посветена на меѓународната безбедност. Агенциите јавуваат дека делот од градот бил опколен со полициски сили, а оти на покривите на зградите имало снајперисти. Меѓу над двесте и четириесете учесници се и генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан, министрите за одбрана на Русија и на Соединетите Држави Сергеј Иванов и Доналд Рамсфелд, како и генералниот секретар на НАТО Јап Де Хоп Схефер. На конференцијата се очекува главно да се разговара за нуклераните програми на северна Кореа и на Иран како и за улогата на НАТО во Ирак и во Авганистан.
XS
SM
MD
LG