Достапни линкови

logo-print

Во Јавното обвинителство им се губи секаква трага на предметите за корупција


Јавното обвинитество продолжува да молчи за случаите за корупцијата во Владата, односно за постапката за трите случаи за корупција во редовите на Владата на екс премиерот Хари Костов. Од Анти Корупциската Комисија посочуваат дека на случаите за корупција откако ќе бидат предадени до Јавното Обвинителство им се губи секаква трага. Јавниот Обвинител е тој кој треба да одговори, вели претседателот на Анти Корупциската Комисија Драган Малиновски:

„Добар дел од наши предмети за кои сме поднеле иницијатива, незнаеме што се случува. Сепак, одговорот навистина треба да се бара само кај Јавниот Обвинител, бидејќи тој е господар на кривичната постапка, тој располага со доказите и одлучува што ќе преземе. Навистина, ние откако од овде ќе го дадеме предметот губиме секаква трага за него.“

Професорот од Правниот факултет Никола Тупанчевски, со став дека мора да се стави крај на одолговлекувањето на предметите, бидејки речиси воопшто да немаме пресуда за некое потешко кривично дело во нашата земја:

„Од декларативни заложби, преку глава ние. Така што редно е, оние случаи за кои како што викаме дека се сериозни, тешки кривични дела, треба да се најде виновникот и да биде осуден. Доста се залажува македонската јавност со привид. Дека се бориме, незнам што итн… Дефинитивно сведоци сме сите дека практично нема пресуда за тешко кривично дело.“

Малиновски од Анти корупциската Комисија со обвинување до Јавното обвинителство за опструкција:

„Ние во повеќе наврати му побаравме и официјално и писмено, баравме и средби но, очигледно наидуваме на зид на несоработка од Јавниот обвинител. Ние да кажеме со колегите од Јавното обвинителсто се среќаваме во разни пригоди, како на пример на семинари и тука имаме една понормална комуникација. Горе не опструрира дефинитивно, има некој што ја следи неговата работа и треба да се запраша што понатаму.„

Инаку јавноста сеуште очекува информација за три случаи за корупција за кои се осомничени, тогашните министри за транспорт и врски Агрон Буџаку, за продажба на земјиште во строгиот центар на Скопје, министерот за економија Стевче Јакимовски за незаконското отворање на угостителските објекти два дена пред референдумот и министерот за култура Благоја Стефановски за Пелинце.
XS
SM
MD
LG