Достапни линкови

ДУИ против регионализација на Македонија


Во Демократската унија за интеграција велат дека се против регионализација на земјава, што пак е определба во платформата на ДПА и ПДП

,,ДУИ не поддржува идеи за регионализација иако звучи нејасно што тие подразбираат под тој предлог. Ние се залагаме за едностепена децентрализација како што е усвоена во законот за децентрализација во април 2004 година.”

изјави Ермира Мехмети, портпарол ДУИ.

Потпретседателот на паријата, Рафиз Алити кој неодамна во јавноста излезе со идеја за регионализација објаснува дека станува збор за економска и слична соработка по региони

,,Ако тоа е во економски смисол, тоа е тренд во Европа. Ако некој предлага регионализација во политичка смисла, ќе треба поширок консензус, да се процени дека е во интерес на Република Македонија и граѓаните и со поволна политичка клима би размислиле и за политички региони, ама мислам дека тоа не е приоритет на ДУИ.”

Претставниците на меѓународната заедница во земјава пак оценуваат дека определбата на ПДП и ДПА за регионализација е предизборен маркетинг

,,Уставот забранува регионализација. Јас не гледам конкретен предлог од ПДП и ДПА туку само некои идеи. Она што можам да го кажам е дека административната структура треба да се подобрува, но засега треба да се види како ке функционираат новите правила што се однесуваат на децентрализацијата. Значи, прво треба да видиме како ке функционира новата децентрализација, а потоа да се разговара за за промени во тој дел, се разбира само во случај ако има некои проблеми И ако има согласност мегу политичките партии. Она што можам да кажам е дека предлогот за регионализација е дел од предизборната кампања на ПДП и ДПА,”

изјави Јеспер Томсон од канцеларијата на Европската унија во земјава
XS
SM
MD
LG