Достапни линкови

Вашингтон: САД ја повикаа Северна Кореа да ја преиспита одлуката за повлекување од преговори


Соединетите Држави и нивните сојузници ја повикаа Северна Кореја да ја преиспита одлуката за повлекување од 6-партитните преговори за нејзината нуклеарна програма. И генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан побара од Северна Кореја да се врати на преговарачка маса што е можно поскоро. Американскиот државен секретар Кодолиза Рајс го предупреди Пјонг Јанг дека ќе се соочи со уште поголема меѓународна изолација. Инаку, Северна Кореја вчера соопшти и дека поседува нуклеарно оружје, а испрати и порака со подршка до Иран, одвајки му признание, за, како што се вели, одбраната на сопствениот суверенитет.
XS
SM
MD
LG