Достапни линкови

Газа: Махмуд Абас треба да го потврди потпишаното примирје со Израел


Палестинскиот лидер Махмуд Абас денеска е во Појасот Газа со цел да го потврди примирјето што пред два дена го постигна со израелскиот премиер Ариел Шарон. Плаестинските милитантни организации Хамас и Исалмски Џихад, како што е познато, соопштија дека ова примирје не е обврзувачко за нив. Вчера во Појасот Газа израелската војска убие еден палестинец по што палестинските милитанти гранатираа една еврејска населба. Во нападот немало повредени или загинати.
XS
SM
MD
LG