Достапни линкови

Расте незадоволството на работниците кои треба да бидат отпуштени како дел од реформите


Во социјално економската слика на државата продолжува да доминира социјлното незодоволство меѓу голем дел од популцијата, предизвикано од процесот на повеќекратни отпуштања на работници од јавните претријтија. По последниот бран на така наречените реформски отпуштања кој овој месец ги зафати ,,Македонски желзници" и дел од техничкиот персонал во Македонската радио телевизија, најголемиот дел од нив воопшто не можат да видат каков било излез и перспектива. Овој став на безизлез меѓу работниците, според социлогот Илија Ацевски е релен и тој се должи на отсуството на концепт за реформи во владата:

,,Ова што денеска се случува е резултат на концепт што трае 15-тина години. Фирмите кај нас продолжуваат да живеат во полукапиталистичко, полусоцијалистичко управување. Тука е проблемот."

Во ублажување на последиците од реформските отпуштања, Светската Банка како решение во претпријатијата што имаат вишок вработени Светската Банка како можно решение сугерирше преквалификација на вработените. Меѓу вработените во најголем процент таквото решение се прифаќа како нереално со оглед на бројот од 400 илјади невработени лица во држвата. Во илустрација на таквото размислување претставникот на Синдиктот на Македонски железници Марјан Ристевски изјави:

,,Светската банка нуди нешто што на прв поглед се чини дека е примамливо и остварливо. Тоа е примамливо за оние економии каде што тоа може да се прави. Јас се прашувам што тие луѓе од железница може да се преквалификуваат, од проста причина што, никој не знае што всушност нуди таа преквалификација."

Според социлогот Илија Ацевски излезот од лошата економска слика е во влегувањето на странски капитал како претпоствка за отворање на нови работни места. Но тој во истовреме укажува дека предуслов за тоа е спроведување на системски реформи во државата

,,Зошто во Македонија нема директни странски инвестиции. Зошто Македонија ме преземе радикални закони во сферата на гаранцијата на странскиот капитал. Тие не доаѓаат во Македонија само да помогнат, туку и да заработат нешто. Но, со систем без дефинирани закони, тие веднаш го напуштаат."

Во меѓувреме од владата со став дека во согласност со законот за работни односи и приликите во државата на отпуштените работници единствено може да им се помогне преку социјалните пакети, односно исплата на осум плати додека барањата за исплата на поголми суми за дел од работниците би била неправедна во однос на остантите што досега беа зафатени со бранот на отпуштања.
XS
SM
MD
LG