Достапни линкови

Македонскиот пат до Европа може да се скрати ако има партиски консензус


За разлика од некои земји во регионот како на пример Словенија која е земја членка на Европската унија, или Бугарија која е веќе на прагот на Унијата, Македонија загуби многу време на патот кон европските интеграции. Таа можеше многу побрзо да се движи во насока на постигнување на европските стандарди, се согласуваат експертите:

,,Ние изгубивме доста време и објективно и субјективно. И што е многу значајно во споредба со некои други наши соседни и пријателски земји, ние побавно ги вршевме внатрешните реформи во земјата и тоа не прави различни во неповолна смисла."
,,Македонија можеше многу порано да се приближува до ЕУ со исполнување на стандардите."


изјавија професор Димитар Мирчев од Факултетот за општествени науки и Добринка Тасковска од Правниот факултат во Скопје. Но, тие додававаат дека е добро што во земјава почна поинтензивно да се работи на прилагодувањето на правните акти. Според нив приближувањето на Македонија кон евроатлантските интеграции најчесто се користи за предизборен маркетинг:

,,Еден од најголемите проблеми на евро интеграциите е што сите гарнитури од 98 наваму, Европа, ЕУ и НАТО, најчесто им се за дбевно политички цели или предизборен маркетинг. Се надевам дека нешто ќе се смени,"

вели Тасковска. Професор Мирчев пак со забелешки на адреса на опозицијата

,,Не ми е јасно зошто опозицијата не го користи тој факт за и таа да добие, да кажеме со давање на констуктивни предлози во Собранието. Со барање да се разгледаат прашањата во Собранието."
XS
SM
MD
LG