Достапни линкови

logo-print

Намера на САД за надминување на несогласувањата со европските партнери


Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска е во Брисел на разговори со претставници на НАТО и на Европската Унија. Денешните, како и претстојните разговори на претседателот Џорџ Буш во Брисел на дваесет и први овој месец, според аналитичарите, ја покажуваат намерата на Вашингтон да ги надмине скоро тригодишните несогласувања со европските партнери. Тоа можеби најмногу поради фактот што Соединетите Држави се заинтересирани токму НАТО, односно американските сојузници да бидат поефективни во стабилизирањето и обновата на Авганистан и на Ирак.

Престојот на државниот секретар Кондолиза Рајс во Брисел, што е во рамките на нејзината европска турнеја, всушност е уште една подготовка на теренот за првата посета на американскиот претседател Џорџ Буш на Европа во неговиот втор мандат. Американскиот амбасадор во НАТО Николас Барнс смета дека овие две посети ја реафирмираат важноста што Соединетите Држави и ја даваат на Алијансата.

„Ова е период на интензивна активност со НАТО. И нема сомневање дека ние продолжуваме на Алијансата да гледаме како на најважен безбедносен сојуз во Европа и во светот.“

Смета Барнс, додавајќи дека Вашингтон сега наидува на поголема поддршка од европските сојузници.

„НАТО сега е пообединет отколку што беше во изминативе две ипол години. Очекуваме годинава НАТО да ги консолидира своите мисии во Ирак и во Авганистан.“

Ваквото оптимизам, според некои посматрачи, тешко дека е можен и во врска со сегашните несогласувања на релацијата Соедините Држави и Европската Унија. Станува збор за преговорите на Брисел со Техеран околу иранската нуклерана програма и најавеното европско поништување на ембаргото за оружје против Кина. Сепак вчера во Париз американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека Соединетите Држави сакаат да работат со Европа

„Време е да ги отстраниме несогласувањата од минатото. Време е да отвориме ново поглавие во нашите односи и во наето сојузништво. Америка е подготвена да работи со Европа и Европа мора да е подготвена да работи со Америка.“

Изјави Рајс, наведувајќи дека историјата ќе им суди на денешните лидери по нивните достигнувања, а не по нивните несогласувања.

„Соединетите Држави пред се го поздравува растечкото обединување на Европа. Америка добива од тоа што Европа зацврснува. Добива партнер во изградбата на побезбеден и подобар свет. Ајде заеднички да решаваме како најдобро да ги ангажираме нашите идеи и ресурси во демократските промени.“

Говорот на Рајс во Париз беше поздравен од европските лидери како позитивна порака и како нов почеток во односите меѓу двете страни.
XS
SM
MD
LG