Достапни линкови

logo-print

Активностите фокусирани на осмислување на почетокот на кампањата


Со истекувањето на рокот за поднесување на листите на кандидати за грдоначалници и на советници во 84 општини и за градот Скопје, активностите се фокусираат врз осмислување на почетокот на кампањата. Според роковникот на ДИК, среда е последниот термин до кога треба да биде познат вкупнот број на кандидатските листи, бидејќи тогаш ќе се организира и ждрепката за утврдување на редоследот на листите на кандидатите на гласачкото ливче. Во меѓувреме врз основа на собрани потписи од граѓани интерес за учество во изборната трка најавија околу 90 независни кандидати за градоначалници:

„Општинските изборни комисии имаат рок од 48 часа со кое се потврдува или отфрла изборната листа, потоа откако изборната листа е отфрлена, општинската изборна комисија има рок од три дена да состави листа на поднесени листи на кандидати и да ги повика сите подносители да организира ждрепка.“

вели портпаролот на ДИК Зоран Таневски .

Во меѓувреме пред отпочнување на законскиот рок на кампањата што е закажан на 20-ти февруари и според новиот закон ќе трае 20 дена, партите се мобилизираат за нејзино ефикасно спроведување.

Портпаролот на ВМРО–ДПМНЕ Александар Бичиклиски чијашто партија на претпоследниот ден од рокот за пријавување кандидти застана зад кандидатурата на незвисниот кандидат на опозицијата во Скопје Трифун Костовски вели:

„Како здружена политичка коалиција, нормално ќе настапуваме заедно на нашите политички митинзи. Сите оние коишто ќе бидат кандидати за градоначалници од редовите на опозицијата и советници треба да бидат луѓе коишто ќе бидат во функција на граѓаните на Република Македонија и ќе ги решаваат нивните проблеми.“

Ефикасна кампања што ќе се базира врз средби со граѓаните најавуваат и во СДСМ односно во владечката коалиција чиј фаворит во трката за Скопје е актуелниот градоначаланик Ристо Пенов. Портпролот ан СДСМ Борис Кондрко изјави:

„Во СДСМ и во коалицијата За Македонија Заедно ќе имаме сериозен пристап во кампањата. Ќе биде професионално ангажирана и агенција која ќе се грижи за тоа. Од наш аспект, ќе обрнеме внимание на непосреден контакт со граѓаните. Ќе имаме позитивна, динамична кампања.“

Според новата територијлна органзиација изборите ќе се спроведат во 84 општини плус градот Скопје. Во нивнот состав треба да бидат избрани вкупно 1391 советник.
XS
SM
MD
LG