Достапни линкови

logo-print

Багдад: Две експлозии во два ирачки града


Денеска во два ирачки града биле регистрирани експлозии на автомобили бомби, јавуваат агенциите. Се прецизира дека првиот самоубиствен напад се случил пред една полициска станица во Мосул при што загинале најмалку единаесет ирачани. Втората експлозија исто така била пред една полициска станица, овој пат во градот Бакуба. Во неа загинале десетина луѓе. Претходно, американската војска ги демантира информациите дека вчера бунтовниците ја нападнале полициската станица во Махавил при што имало многумина загинати на двете страни.
XS
SM
MD
LG