Достапни линкови

logo-print

Западен Брег: Рајс повтори дека Вашингтон е за дипломатско решение на спорот со Иран


Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс повтори дека Вашингтон е за дипломатско решавање на спорот со иранската нуклеарна програма. Според Рајс, претседателот Џорџ Буш верува оти сега било време за дипломатија. Одговрорајќи на оваа изјава, главниот ирански преговарач Хасан Рохани за агенцијата Ројтерс рече дека директни преговори со Америка би биле можни само доколку бидат врз рамноправна основа. Претходно, американскиот потпретседател Дик Чејни изјави дека ги поддржува натамошните преговори меѓу Иран и Европската Унија околу иранската нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG