Достапни линкови

Ирак: Шиитските муслимани ја бараат премиерската позиција


Официјални претставници на коалицијата на Шиитските муслимани во Ирак, изјавија дека ја бараат премиерската позиција во земјата. Изјавите доаѓаат откако резултатите од 35 насто од минатонеделните избори, покажуваат дека Обединетата Ирачка Алијанса има две третини од гласовите за националното собрание. Блокот предворен од сегашниот привремен ирачки премиер Ијад Алави е на второто место. Групите на сунитските муслимани кои одбија да учествуваат на изборите, изразија подготвеност да учествуваат во подготовката на новиот ирачки устав, под услов да се постигне консензус меѓу сите партии за повлекувањето на американските сили од Ирак.
XS
SM
MD
LG