Достапни линкови

Човекот што ги смени мислењата на луѓето за Универзумот


Пред сто години, еден млад човек кој работеше во Швајцарската канцеларија за патенти напиша три научни трудови кои го сменија мислењето на луѓето за Универзумот. Станува збор за Алберт Анштајн и за неговите теории за атомите, светлината и врската меѓу времето и просторот кои претставуваа револуција во физиката и астрономијата. Така е и еден век по анштајновата чудесна година.

Тоа е песната ,,Анштајн,, на лондонскиот рапер Ди џеј Вејдер во која се говори за тоа како им лета времето на заљубените. Песната, инспирирана од анштајновата теорија за релативитетот која покажува како просторот и времето се поврзани е дел од меѓународната прослава на годишнината од големите откритија на Анштајн.

„Нашата цел е да да допреме до младите кои нормално не се заинтересирани за физиката. Се обидуваме да ги заинтересираме за оваа сфера од науката.“

Вели Кејтлин Вотсон од Институтот за физика во Лондон која прецизира дека при тоа се поттикнуваат младите да создаваат филмови, музика, слики, компјутерски игри инспирирани од Анштајн, но и кои ќе ја истражуваат неговата генијална работа. Анштајн и самиот имаше дваесет и шест години кога ги објави трите трудови: теоријата за постоењето на молекулите и атомите, теоријата за тоа дека светлината е составена од честички и специјалната теорија на релативитетот која покажува дека времето се забавува ако се забрзува движењето на објектите. Оваа последната теорија десет години подоцна ќе доведе до фамозната равенка дека енергијата е еднаква на производот од масата и светлината на квадрат.

„Таа следеше по специјалната теорија за релативитетот дека масата и енергијата се заеднички, но различни манифестации на иста работа.“

Изјави Анштајн неколку години подоцна. Она што е уште позачудувачки за Анштајн е тоа што за време на овие откритија тој немал никаква академска позиција, туку работел во канцеларијата за патенти во Берн, Швајцарија.

„Илјада деветстотини и петтата беше извонредна година за физиката, вистинска чудесна година, анус мирабилис.“

Вели астрономот Роберт Лембоурн, додавајќи:

„Придонесот што Анштајн го направи имаше огромни последици за иднината на физиката. Развојот на квантната теорија, физиката на многу малото, инспирирана од неговата работа на фотоелектричниот ефект, доведе до модерната микроелектронска индустрија. Телевизиските апарати, радијата дури и компјутерите ќе ги немавме да не беа ајнштајновите научни откритија.“

Но, дали на Анштајн ќе му се допаднеа новите форми на велосипедки вештини, балетски игри и рап песни со неговото име. Кејтлин Вотсон не се сомнева во тоа:

„Мислам дека ќе му се допаднеше тоа. Тој беше модерно момче со чувство за хумор.“
XS
SM
MD
LG