Достапни линкови

Конференција за војната против тероризмот


Околу 50 земји во светот денеска во Ријад - Саудиска Арабија ја започнаа 4 дневната конференција посветена на војната против тероризмот. Во Ријад се и преставнците на Иран кој за Вашингтон е држава спонзор на тероризмот.

Во кралството Саудиска Аарабија се одржува прва меѓународна конференција за корените на тероризмот и начините како да се победи. Токму Саудиска Арабија е државата поврзана со тероризмот бидејки лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен потекнува од таму како и 15 од вкупно 19-те киднапери на авионите со кои на 9 – ти , 11 – ти беа нападнати Соединетите Држави. Но од Мај 2003 и Ријад е тесно вклучен во борбата против тероризмот. Оваа конференција како што изјави саудискиот амбасадор во Пакистан Салех ал Намла е со цел превентива да не се случи нешто пострашно од нападите врз Америка.

„Терорзмот е меѓународен феномен и не е врзан со одреден регион. Тоа е меѓународен проблем и така треба да му се пристапи.“

Според некои набљудувачи, како Магнус Рансторп – директор на центѕарот за студија на тероризмот и политичко насилство од Шкотска, Саудиска Арабија од друга страна со оваа конференција сака да си го подобри имиџот

„Саудиска Арабија се обидува да преземе иницјатива за да покаже серозност во напорите за размена на разузнавачки податоци и во тајните билатерални и мултилатерални напори против тероризмот.“

За време на четирите дена во Ријад ке се дискутира и за искоренување на причините на тероризмот, поврзаноста со перењето на парите, дрогата и оружјето, како и за композиоцијата на терористичките организации. Учествуваат земји од Централна Азија, Европа и Соединетите Држави и Иран – земјата од Вашингтон наречена спонзор на терорot.
XS
SM
MD
LG