Достапни линкови

Басра: Четири ирачки војници загинаа во експлозија на бомба


Во експлозија на бомба во Басра загинаа 4 ирачки војници, а тројца се ранети. Во северниот дел на земјата пак од поставена бомба на пат загинаа двајца, а беа ранети 4 американски војници. Судбината на италијанскиот новинар киднапиран од релативно непозната група останува неизвесна. Тие побараа повлекување на 3 илјадата италијанска војска од Ирак во рок од 72 часа. Во меѓувреме, со пребројувањето на гласовите од неделните избори , се засилува водството на Обединетата Алијанса – главната шиитска партија подржана од ајатолахот Али ал Систани.
XS
SM
MD
LG