Достапни линкови

Варшава: Продолжува турнејата на Кондолиза Рајс


Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска ја продолжува нејзината турнеа со посетата на Полска и Турција. Рајс пристигна претпладнево во Варшава каде што ќе и се заблагодари на Полска за учеството во коалицијата во Ирак. Во Турција, покрај со своите домаќини, Рајс ке се сретне и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров со кого ќе разговара за иранската нуклеарна програма. Се очекува Рајс да побара од Москва да ја стопира помошта за иранскиот нуклеарен реактор Бушер затоа што Вашингтон стравува оти со тоа Техеран би бил чекор поблиску до изработка на атомска бомба. Државниот секретар Рајс за овие прашања вчера разговараше и со германскиот канцелар Герхард Шредер и британскиот премиер Тони Блер.
XS
SM
MD
LG