Достапни линкови

И одличните ќе полагаат матура


Уписите меѓу средношколците повеќе нема да има привилегирани. Оваа одлука на министерството за образование што предвидува сите средношколци без разлика на висината на оценките во јуни да полагаат матура се толкува различно. Според некои ученици на тој начин ќе се провери дали петките односно успехот бил заслужен или не додека според други за одличните ученици преполагањето на знењето ќе претставува доплнителен товар. Во Унијата на средношколци полгањето матура покрај приемните испити го прифаќаат како дел од реформите, но бараат да се изработатат прецизни решенија врз основа на кои ќе се полага матурата:

„Голем проблем е тоа што не знаат и треба сите да направат да им се олесни овој период, да се конкретизира кој материјал ќе биде потребен за матурата и средношколците да може во исто време да го спремаат и приемниот испит којшто го полагаат следниот месец,“

вели Салвица Арсовска од Унијата на Среношколци. Одлуката на министерството за полагање матура отвори прашања и меѓу просветните работници зошто секое училиште одделно ќе треба да работата врз нејзино изработување. Еден просветен работник во средно училисте во Скопје вели:

„Мислам дека нема потреба одличните да полагаат матура. Дека, ако некој континуирано покажал успех четири години, има доволно познавање. Ама, веќе кога мора, тоа мора да се обмисли, да се изберат предмет и тема, покрај македонски јазик, да си изберат тема барем слична на приемтниот на факултет. И тоа не е добро решено. Мислам дека е избрзано воведувањето.“

Со цел да се разгледаат сите дилеми за критериумите врз кои ќе се полага матурата во јуни Унијата на средношколци од наредната недела најавува дека нивни претствници ќе остварат средби во министерството за образование. Унијата исто така ќе испрати писма до сите училишта со препорака на учениците да им бидат доставени потребните информции за концепцијата врз која ќе се полага матурата. Во министерството за образование во меѓувреме велат дека пред неколку месеци тие ги информирале сите директори на училиштата како и кога ќе се полага матурата која според нивното потсетување се практикува во сите европски земји.
XS
SM
MD
LG