Достапни линкови

Ватикан: Здравствената состојба на Папата стабилна


Ватиканското радио денеска јави дека Папата Јован Павле Втори е во стабилна здравствена состојба. Осумдесет и четири годишниот Папа, како што се прецизира, третата ноќ во болницата Џемели во Рим ја минал без проблеми во дишењето, поради кои и бил префрлен таму. Можно е Папата своето редовно обраќање на Плоштадот Свети Петар да го одржи преку видео линк од болничката постела.
XS
SM
MD
LG