Достапни линкови

logo-print

Лондон: Интервју со лидерот на чеченските бунтовници за Канал Четири


Британската телевизија Канал четири, и покрај протестите на Русија, емитувала интервју со лидерот на чеченските бунтовници Шамил Басаев кој ја презеде одговорноста за трагичната заложничка драма во Беслан. Басаев, еден од најбарните луѓе во Русија, вели дека тој планира уште акции како онаа во Беслан во која загинаа над триста и триесет лица, повеќето деца. Ваквите акции според него биле неопходност во борбата за Чеченија. Руското министерство за надворешни работи го критикуваше најавеното емитување на ова интервју со образложение дека тоа претставува поддршка за терористите.
XS
SM
MD
LG